ПОСТСРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЗА ТВОJАТА ИДНИНА

За проектот

Краток твининг проект финансиран од ЕУ:

“Поддршка на модернизацијата на системот за пост-средно образование”

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Проектот се спроведе од 24 август 2016 година – 24 февруари 2017 година (времетраење: 6 месеци)
  • Главен корисник: Mинистерството за образование и наука
  • Проектот е финансиран од Европската унија, Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Повеќегодишната оперативна програма “Развивање на човечки ресурси” 2007-2013 год.
  • Вкупен буџет: 250 000 евра (85% од ИПА и 15% национално кофинансирање)

Партнери во спроведувањето на проектот

Министерство за образование и наука      (Скопје) Институт за истражување на образованието       (Варшава)

Општата задача на Краткиот твининг проект е да го поддржи развојот на човечките ресурси преку модернизирање на системот за образование и обука, со особен фокус на пост-средното образование. Активностите се насочени кон поддршка на реформските процеси во пост-средното образование. Ова подразбира ажурирање на стратешките документи и на законодавството што е релевантно за оваа област, вклучувајќи ја и институционалната и организациската поставеност. Проектот е поделен во 4 компоненти кои ќе доведат до постигнување на 6 резултати:

Компоненти Посредни резултати
Компонента 1

Подготовка на сеопфатни документи за политики кои што ќе се базираат на докази, вклучувајќи го и законодавството

1. Направена анализа на секторот за пост-средно образование со препораки за идни интервенции за подобрување и постигнување на резултати во секторот и идентификувани најдобрите практики во Европа, компатибилни со националниот контекст.

2. Ревидиран и ажуриран концепт за пост-средното образование и ревидирана и ажурирана постоечката законодавна рамка и подзаконските акти поврзани со пост-средното образование.

Компонента 2

Усогласување на реформите со Националната рамка на квалификации

3. Процедури кои ќе овозможат усогласување на пост-средното образование со Националната рамка на квалификации.
Компонента 3

Зајакнување на врската помеѓу пост-средното образование и пазарот на трудот

4. Првична процена на образовните потреби во рамките на пост-средното образование според барањата на пазарот на трудот во врска со специфичноста на селектирањето на приоритетни занимања.

5. Насоки за развивање на наставни планови и програми за пост-средното образование во соработка со приватниот сектор и социјалните партнери.

Компонента 4

Поддршка на засегнатите страни и нивно вклучување во пост-средното образование

6. Промовирано пост-средно образование и подигната свеста на родителите, учениците, работодавачите и пошироката јавност.