ПОСТСРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЗА ТВОJАТА ИДНИНА

Како да си ги зголемиш шансите на пазарот на трудот, да стекнеш вештини за водење на тим или за водење на бизнис? Како брзо да дојдеш до диплома што ќе ти помогне да напредуваш во работата? Одговорот е постсредно образование.

Постсредното образование е учење кое доаѓа по завршувањето на средното образование и не се одвива на високообразовните институции. оа обезбедува потемелна обука за работа со цел да се стекнат конкретни знаења и вештини за технологијата, организацијата или раководењето во разни занимања поврзани со производство или услуги.
Постсредното образование претставува флексибилен начин на стекнување практични вештини кои се високо ценети на пазарот на трудот. Постсредното образование им дава шанса на луѓето да ги надградат своите компетенции, да станат поспецијализирани или да се преквалификуваат за да најдат подобра работа.
Постсредно образование можат да нудат јавни или приватни даватели на услуги, вклучувајќи средни стручни училишта и занаетчиски комори.

Програмата за постсредно образование може да трае од шест месеци до две години.  За ова кратко време, можеш да си ги подобриш вештините во следните области: графички дизајн, телекомуникации, сервисирање на медицинска и електронска опрема, шумарство, сообраќај и транспорт, готвење и угостителство и во многу други области.

Постсредното образование ќе ти помогне:

  • да стекнеш повисока диплома за специјализација, која ќе доведе до поголема плата
  • да бидеш поконкурентен на пазарот на трудот и полесно да најдеш работа
  • да стекнеш вештини што ги бараат работодавачите
  • да научиш како да водиш сопствен бизнис

Директор на училиште кое нуди постсредно образование кажа: „Постсредното образование е важно и вредно како за вработените, така и за невработените лица. Луѓето треба да ги надградуваат своите вештини и компетенции низ целиот живот за да најдат подобра работа во нашата земја и во странство”.