ПОСТСРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЗА ТВОJАТА ИДНИНА

Добри практики

на соработка на училиштата со компаниите и општините

Училиште за СОО „Здравко Цветковски“ во Скопје

Во текот на изминатите 10 години училиштето соработува со германската компанија KNAUF (која произведува производи за изградба и реновирање). Истата му помогна на училиштето со опремувањето на работилницата. Компанијата обезбедува финансиски средства за материјали и алати за учениците. Специјалистите од KNAUF соработуваат со наставниците и учениците како ментори. Училиштето исто така соработува и со други компании, како на пример TIMST (производител на камини и печки) и КАТАСТАР, националната агенција за катастар на недвижности која се занимава со геодезија и недвижности и може по потреба да обезбеди топографски карти. Училиштето соработува и со Градежниот институт на Македонија (ГИМ) каде што учениците можат да се запознаат со различни методи за истражување и тестирање на мешавини од бетон и асфалт.

Училиште за СОО „Наце Буѓони“ во Куманово

Училиштето соработува со Општина Куманово. Еднаш годишно општината организира состанок со компаниите и претставници од училиштето за да дискутираат за потребите на пазарот на трудот. Врз основа на податоците обезбедени од страна на компаниите, може да се предвиди колку матуранти и со кои специјализации ќе бидат потребни на пазарот на трудот. По состаноците училиштата изготвуваат предлози за потребните профили.

Училиште за СОО „Наум Охридски“ во Охрид

Училиштето ги знае потребите на локалниот пазар на трудот како резултат на директните контакти со работодавачите. Локалните компании им одржуваат презентации на учениците од сите класови. Работодавачите исто така ги покануваат учениците да ги посетат нивните работни места. Еден од клучните партнери на училиштето е компанијата LTH LEARNICA. Истата го поддржува училиштето и учениците на различни начини, на пр: финансиски. Тие набавуваат скапа опрема и машини за училиштето. Компанијата исто така обезбедува стипендии за најдобрите училишта.

Описите на добрите практики се базирани на интервјуата со претставници на училиштата спроведени во рамките на краткиот Твининг проект финансиран од ЕУ „Поддршка за модернизација на системот за пост-средно образование“ (MK 13 IB SO 01 TWL).